Продолжува судењето за случајот „Триста“

28.12.2017 10:30

Обвинет е поранешниот помошник- министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за набавката на 300 возила во МВР.

Во Кривичниот суд ќе се одржи рочиште за предметот „Триста“, што воедно ќе биде и последно судење за предмет на Специјалното јавно обвинителство за годинава. Обвинет е поранешниот помошник- министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за набавката на 300 возила во МВР.

Според СЈО злоупотребувајќи ја положбата, ја оштетил државната каса за над 45 илјади евра. На предходното рочиште зад затворени врати, поради заштита на правата за приватност на обвинетиот, биле сослушани докторот кој му ја издал дијагнозата на Поповски и независен судски вештак од областа на психијатријата, за да се утврди дали може да ги следи судските рочишта.

Судијката Лидија Петровска, информира дека Поповски доставил и ново боледување.