Активирани итните мерки против загадувањето на воздухот

28.12.2017 11:05

Поради зголеменото аерозагадување, на сила стапија владините мерки и препораки- ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години и со хронична астма, со прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста. Во главниот град бесплатен јавен превоз...

Поради зголеменото аерозагадување во Скопје изминатите денови, на сила владините мерки и препораки- ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години и со хронична астма, со прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

Во главниот град бесплатен јавен превоз. Препорака е и лицата кои работат на отворено да се ангажираат од 11 до 17 часот.

Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба, сите правни субјекти да го реорганизираат работното време.

Во мерките се наложува сите органи на државната управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат до 50 проценти употребата на службените возила.

Изутринава вредностите на ПМ-10 честичките во рамките на дозволеното.