Се намалуваат водостоите на реките
28.12.2017 11:06
Според податоците на УХМР, водостоите на природните езера се во рамките на просекот за декември...

Водостоите на реките во Македонија се под просект за декември со исклучок на Црн Дрим на мерното место Ложани каде нивото е за речиси половина повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според податоците на УХМР, водостоите на природните езера се во рамките на просекот за декември, а нивото на Охридското Езеро е за 15 сантиметри повисоко од минимално дозволеното.
