САД- Јужна Кореја: Разговори за промена на договорот за слободна трговија

28.12.2017 11:11

Трамп сака промена на договорот за да помогне за намалување на американскиот трговски дефицит со Јужна Кореја кој изнесува околу 28 милијарди долари.

САД и Јужна Кореја на 5-ти јануари во Вашингтон ќе имаат разговори за Американско- јужнокорејскиот договор за слободна трговија. Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани со повлекување од договорот склучен во времето на поранешниот американски претседател Барак Обама.

Трамп сака промена на договорот за да помогне за намалување на американскиот трговски дефицит со Јужна Кореја кој изнесува околу 28 милијарди долари.

Договорот е на сила од 2012 година. Во октомври, Сеул се согласи да почне разговори со САД за негова ревизија.