Невреме во Грција, проблеми со морскиот транспорт
28.12.2017 11:42
Поради силните ветрови прекинато е движењето на фериботите кои се движат од Игуменица до островот Крф.

Во Грција се очекува нов бран невреме, проследено со дожд, ветер и снег на високите места. Ураган го блокира морскиот транспорт во Јонското Море.
Поради силните ветрови прекинато е движењето на фериботите кои се движат од Игуменица до островот Крф.
Исто така не сообраќаат бродовите на линиите Килини-Закинтос, Ликсури-Аргостоли и Порос-Килини.
