Финансиска полиција

Кривични пријави против поранешното раководство на Министерството за култура и Агенцијата за филм

28.12.2017 12:17

Според Финансиската полиција, тие во периодот од јули 2009-та до февруари годинава, спротивно на законот, примиле фактури од странски правен субјект што во земјава не е регистриран како даночен обврзник, незаконски вкалкулирале износ протеставен како ДДВ, по што се исплатени пари.

Финансиската полиција поднесе кривични пријави против поранешна министерка за култура, заменик-министер и државен советник за финансиски прашања во овој ресор. Се сомничат за несовесно работење во службата.

Според Финансиската полиција, тие во периодот од јули 2009-та до февруари годинава, спротивно на законот, примиле фактури од странски правен субјект што во земјава не е регистриран како даночен обврзник, незаконски вкалкулирале износ протеставен како ДДВ, по што се исплатени пари. Според Финансиската полиција, направена е штета врз буџетот од над 2,7 милиони евра.

Исто така, Финансискста полиција поднесе кривични пријави и против двајца поранешни директори на Агенцијата за филм и претседател на Управниот одбор на оваа институција.

Се сомничат дека ги злоупотребиле службената положба и овластување, односно спротивно на Законот за филмска дејност, овозможиле судир на интереси при учество на проекти, финансирани од Агенцијата.