Џафери очекува опозицијата да се врати во Собранието

28.12.2017 12:26

На брифингот со новинарите пред седницата за пратенички прашања, претседателот на Собранието рече дека не добил официјална потврда од ВМРО-ДПМНЕ дека пратениците нема да учествуваат во работата на Законодавниот дом. Спикерот се надева дека опозицијата ќе учествува на пленарната седница на која на дневен ред е Предлог- законот за јазиците.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Законодавниот дом на 9-ти јануари. Спикерот се надева дека опозицијата ќе учествува на пленарната седница на која на дневен ред е Предлог- законот за јазиците.

На брифингот со новинарите пред седницата за пратенички прашања, рече дека не добил официјална потврда од ВМРО-ДПМНЕ дека пратениците нема да учествуваат во работата на Законодавниот дом.

Според Џафери, политичката криза во Македонија заврши пред шест месеци. Очекувањата се дека треба да се надминат сите превирања внатре во политичките партии, имајќи ги предвид и нивните претходни изјави дека ќе бидат присутни, особено за реформските закони, во контекст на очекувањата од извештајот на Европската комисија и напредокот на Република Македонија, изјави првиот парламентарец.