Бразил
Рио де Жанеиро: Три милиони луѓе за Нова година на Копакабана
28.12.2017 12:29
За редот ќе бидат задолжени околу 1.000 полицајци.

Властите во Рио де Жанеиро очекуваат рекорден број луѓе кои Новата година ќе ја дочекаат на плажата Копокабана.
За редот ќе бидат задолжени околу 1.000 полицајци. Владата објави дека се укинати одморите за 2.000 воени полицајци за да се грижат за безбедноста во градот на крајот на годината.
Приходите од туристите се очекува да бидат околу 500 милиони евра.
