Санкт Петербург

Путин: Експлозијата е терористички акт

28.12.2017 13:06

Синоќа експлозија во трговски центар во Санкт Петербург. Зградата е евакуирана, но целосно уништена. Повредени 10-на лица, а 9-мина се хоспитализирани. Рускиот претседател Путин обвинува за терористички напад. Истрагата потврди дека експлозијата била причинета од рачно изработена бомба со сила од 200 грама ТНТ. Досега никој не ја презел одговорноста за експлозијата...

Експлозијата што се случи во продавница во Санкт Петербург, во која беа повредени 13 лица е резултат на терористички чин, изјави рускиот претседател Владимир Путин на церемонијата на доделување на годишните награди за воените службеници што служеле во Сирија.

Путин додаде дека сојузната безбедноста служба спречила уште еден напад. Според неговите зборови, безбедносната состојба во земјата би била полоша ако им било дозволено на илјадници граѓани на Руската Федерација, кои се бореле на страната на Исламска држава да се вратат во дома.

„Издадов наредба до шефот на Фередалната служба за безбедност при апсење на криминалците да се почитува законот, но доколку живот и здравјето на нашите припадници на безбедносните сили биде загрозен, тогаш да се дејствува решително, да не се држат никакви заробеници, туку веднаш да бидат ликвидирани терористите“, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.

Портпаролката на истражниот одбор, Светлана Петренко, во соопштение објави дека според прелиминарните информации силата на експлозивната направа била еднаква на 200 грама тринитротолуен (ТНТ) и дека била наполнета со парчиња метал и со шајки.  Бомбата била поставена на место на кое луѓе на кратко се задржуваат и била заштитена со ѕид. Напаѓачот ја активирал од далечина во момент кога во еден од поголемите трговски центри имало само 50-ина луѓе. Според експертите доколку напаѓачот планирал вистински масакр, би ја поставил бомбата на друга локација со многу повеќе луѓе. Поради тоа, се заклучува дека напаѓачот бил аматер.

Путин неодамна му се заблагодари на американскиот претседател Трамп за известувањето дека се подготвува напад во Казанската катедрала во истиот град.

Марина Ристова