КСС и СОНК најавуваат протест
Посочуваат дека може да биде доведен во прашање и почетокот на второто полугодие. Реагираат, на како што велат, притисоците во јавниот сектор и синдикалните претставници. Бараат и усогласување на платите.

Конфедерацијата на слободните синдикати и Синдикатот на образованието и науката, најавија предупредувачки протест на 17-ти јануари. Посочуваат дека може да биде доведен во прашање и почетокот на второто полугодие. Реагираат, на како што велат, притисоците во јавниот сектор и синдикалните претставници. Бараат и усогласување на платите.
Претседателот на КСС, Благоја Ралповски истакна дека одлуката е донесена на Конференцијата на КСС како највисок орган меѓу два конгреса. Од Синдикатот ја повикаа Владата, најдоцна до 16-ти јануари да организира средба со синдикалните претставници со цел да се изнајдат заеднички решенија.
Од СОНК предупредија дека доколку не се изнајдат заеднички прифатливи решенија, ќе се доведе во прашање почетокот на второто полугодие од учебната година и работата на градинките.
