ВМРО- ДПМНЕ: Кривичниот суд во функција на неправдата
Никаде во современиот демократски свет не е видено да се притвораат граѓани затоа што гласно говореле и не се согласувале со политиките на власта. Единствено во Република Македонија, судството е целосно ставено во одбрана на партиски цели и политики- стои во дописот.

Кривичниот суд повторно се стави во функција на неправдата. Продолжи решенија за притвор на неаргументирани барања на Јавното обвинителство за случај кој е целосно фабрикуван, со што покажа дека е само слеп извршител на нечии наредби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Никаде во современиот демократски свет не е видено да се притвораат граѓани затоа што гласно говореле и не се согласувале со политиките на власта. Единствено во Република Македонија, судството е целосно ставено во одбрана на партиски цели и политики- стои во дописот.
Според опозициската партија, власта ги гази нивните човекови права само за да сузбие секоја критичка мисла. Во интерес на демократијата и правната држава, овој политички прогон мора да прекине, а правосудството мора да работи независно- се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
