Апелација го укина првостепеното решение за „Поткуп“
Оценето е дека Кривичниот суд постапил спротивно на предвидената законска процедура во текот на постапката и одлучувањето по предлогот на одбраната за издвојување на доказите прибавени со поесебни истражни мерки.

Предметот „Поткуп“ се враќа на повторно постапување на првостепениот суд. Ваква одлука донесе Апелација по одржаната јавна седница. Го укина првостепеното решение.
Оценето е дека Кривичниот суд постапил спротивно на предвидената законска процедура во текот на постапката и одлучувањето по предлогот на одбраната за издвојување на доказите прибавени со поесебни истражни мерки.
Одлуката, наместо да биде донесена од Советот кој бил во заседание, вон рочиште за главна расправа ја донел претседателот на советот, со што излегол од своите овластувања.
Во случајот „Поткуп“ е обвинет Зоран Заев дека како градоначалник побарал околу 160 илјади евра поткуп од струмички бизнисмен за легализација на земјиште.
