Поларна зима во Северна Америка
28.12.2017 14:50
Во Северна Дакота, живата на термометарот паднала на минус 21 степен. Властите наложија да бидат запрени сите активности кои се изведуваат на отворено и ги повикаа луѓето да не излегуваат од своите домови без потреба.

Поларна зима и ниски температури во Северна Америка. На одредени места се регистрирани рекордни минус 50 целзиусови степени.
Во Северна Дакота, живата на термометарот паднала на минус 21 степен. Властите наложија да бидат запрени сите активности кои се изведуваат на отворено и ги повикаа луѓето да не излегуваат од своите домови без потреба.
Студениот бран е уште поекстремен во Канада, каде што во северниот дел на Онтарио се очекуваат температури од минус 50 степени.
