Народниот правобранител констатира кршење на имунитетот на пратениците при нивното приведување

28.12.2017 14:53

Во случај кога на пратениците не им е одземен имунитетот, според Мемети, полицијата требала да го прекине приведувањето, а двајцата судии не смееле да издадат налог за апсење на пратениците, рече Народниот правобранител на брифингот со новинарите.

Прекршена е постапката при приведувањето на тројцата пратеници и повредено е нивното право на пратенички имунитет, констатирал Народниот правобранител по претставките кои ги добил од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Во случај кога на пратениците не им е одземен имунитетот, според Мемети, полицијата требала да го прекине приведувањето, а двајцата судии не смееле да издадат налог за апсење на пратениците, рече Народниот правобранител на брифингот со новинарите.

Поради констатираната повреда на правата на тројцата пратеници и постапувањето на полицијата спротивно на прописите, омбудсманот доставил препорака до министерот за внатрешни Спасовски и побарал тој да спроведе целосна постапка и да го испита начинот на кој постапиле полициските службеници на 28-ми ноември.

Мемети бара да се утврди одговорност и да се санкцинираат оние кои ги прекршиле правата на пратениците. Тој вели дека досега нема добиено одговор од МВР.