Најмалку 40 загинати во самоубиствен напад во Кабул
28.12.2017 15:21
Нападот се случил за време на утринска панел-дискусија во културниот центар, при што најголем дел од присутните биле студенти.

Најмалку 40 лица загинаа во самоубиствени напади врз авганистанската новинска агенција „Воис“ и блискиот културен центар „Табајан“ во авганистанскиот главен град Кабул.
Нападот се случил за време на утринска панел-дискусија во културниот центар, при што најголем дел од присутните биле студенти.
Очевидци изјавиле дека по првичната експлозија следела уште најмалку една експлозија. Во нападот бил убиен еден новинар, а уште еден бил повреден. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.
