Последни пратенички прашања за 2017-та

28.12.2017 15:27

Дали во Владата има заштитени од соочување со правдата? Дали гасификацијата ќе го победи загадувањето? Последни пратенички прашања за 2017-та година. На седницата не беа народните избраници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во знак на револт од, како што велат, политичкиот прогон за собранските настани...

Дали во Владата има заштитени лица кои нема да се соочат со правдата- пратеничко прашање од Алијансата на Албанците за премиерот Зоран Заев. Тој одговвори- законот важи еднакво за сите без разлика на политичката припадност. Според него, сѐ што како криминал затекнала новата гарнитура го процесуирала до Обвинителството и сега тоа треба да каже дали има основани сомневања за отворање можни судски постапки.

Од економијата, прашања за гасификацијата, за изградбата на автопатиштата, за колекторскиот систем на Охридско езеро.

Министерот за култура Алаѓозовски на пратеничко прашање за проектот „Скопје 2014“, одговори дека се прават елаборати, и за тоа што ќе се прави со спомениците треба да се донесе политичка одлука.

Декемвриската седница за пратенички прашања помина без народните избраници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во знак на револт од, како што велат, политичкиот прогон и неправедните притвори за триесетина луѓе за настаните од 27-ми април во Собранието.

 

Игор Панов