Лајчак: 2017-та година пресвртница за Западен Балкан
29.12.2017 10:24
Словачкиот дипломат смета дека политичарите треба да се посветат на идните прашања на Балканот...

Според претседaтелот на Генералното Собрание на ОН, Мирослав Лајчак, 2017-та година била година на пресврт за државите од Западен Балкан поради зачестените разговори за проширување на ЕУ.
Потенцира дека „Дејтон 2“ нема да се случи, а Специјалниот суд за злосторства на ОВК треба да биде прифатен.
Словачкиот дипломат смета дека политичарите треба да се посветат на идните прашања на Балканот, а не на минатото коешто ја окупира нивната дневно- политичка агенда.
