Села: Заев доби ново министерско место, загуби сериозен партнер
29.12.2017 10:41
Во вчерашната емисија „Топ тема“ на телевизија „Телма“, Села напомена дека во политичката игра на ДУИ има скриена цел, поради рејтингот кој ѝ паѓа секој ден кај албанското гласачко тело.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, синоќа со став дека премиерот Заев добил ново министерско место, но загубил сериозен партнер.
Во вчерашната емисија „Топ тема“ на телевизија „Телма“, Села напомена дека во политичката игра на ДУИ има скриена цел, поради рејтингот кој ѝ паѓа секој ден кај албанското гласачко тело.
Според Села, Заев гледал свој интерес, да земе добар ресор како што е министерството за здравство и да продолжи, не со реформи во здравството, туку со неговите бизнис планови.
