Еден починат и еден повреден во сообраќајка на булеварот „Србија“

29.12.2017 10:48

Несреќата се случила по полноќ, кога возило од марка „Ауди А4“ управувано од 28-годишно лице се судрило со возило „Пежо 207“, а потоа поминало на спротивната насока и удрило во оградата на бензинската пумпа и во такси возилото, чиј возач починал од ударот.

Возач на такси возило почина, а едно лице е потешко повредено во сообраќајната незгода што се случи ноќеска на скопскиот булевар „Србија“.

Несреќата се случила по полноќ, кога возило од марка „Ауди А4“ управувано од 28-годишно лице се судрило со возило „Пежо 207“, а потоа поминало на спротивната насока и удрило во оградата на бензинската пумпа и во такси возилото, чиј возач починал од ударот.

По незгодата, аудито се запалило и целосно било опожарено, а интервенирала и екипа на противпожарната бригада на Град Скопје.