Италија: Шефот на државата го распушти Парламентот, избори на 4-ти март
29.12.2017 10:58
Паоло Џентилони кој е трет премиер во актуелниот состав на Парламентот, ќе остане на должност до формирање на новата влада.

Италијанската влада закажа парламентарни избори за 4-ти март, откако шефот на државата Серџо Матарела го распушти парламентот чијшто петгодишен мандат истекува наскоро.
Паоло Џентилони кој е трет премиер во актуелниот состав на Парламентот, ќе остане на должност до формирање на новата влада.
Се прогнозира дека трката ќе се води меѓу конзервативниот блок на бившиот премиер Берлускони, евросекптичното движење „Пет ѕвезди“ и Демократската партија на левиот центар на Џентилони.
