Електронски и потврдите за учество на тендери
Докуметацијата од Централниот регистар потребна за учество на тендерите отсега, наместо на шалтер, учесниците на тендерот електронски ќе ја нарачаат и платат и директно ќе ја прикачат во системот на Бирото за јавни набавки...

Осум илјади понудувачи се регистрирани во системот за јавни набавки. Докуметацијата од Централниот регистар потребна за учество на тендерите отсега, наместо на шалтер, електронски ќе ја нарачаат и платат и директно ќе ја прикачат во системот на Бирото за јавни набавки. На барање на бизнисот е надмината уште една административна бариера во тендерските постапки.
„Издадени се досега 103 илјади потврди откако е пуштен системот. Преставниците на компаниите не терба да се појавуваат во регистрационите канцеларии и во хартиена форма да бараат потврда за учлество во тендерските постапки“, вели Ванчо Костадиновски директор на Централниот регистар на РМ.
Формиран е Совет за јавни набавки кој ќе дава согласнот за реализацијата на постапките. Пред да ги објават, набавувачите ќе мора да направат анализа на пазарот. Од нивото на конкуренцијата и од оценките, дали има најмалку пет понудувачи, ќе зависи објавувањето на тендерот. И проценетата вредност на договорот ќе мора да биде објавена во огласот .
„Обајавувањето на проценетата вредноста е исто така битна за набавувачите. Истата претгодно не беше јавно достапна, така да им даваме уште еден јавен податок за што подобро да го подготват договорот“, нагласува Маре Богева Мицоска Директор на Бирото за јавни набавки.
Со новите законски критериуми, ќе има и казни затвор за манипулации на тендерите. Тендер ќе се објавува за се одделно.
Сузана Фиданска- Стоевска
