Атина: Македонскиот проблем се враќа на сцената
Во моментот грчката Влада, од партијата Сириза ја следи логиката за изнаоѓање компромисно решение, слично на тоа од 1992 година...

„Спектарот на македонскиот проблем“ се враќа на грчката политичка сцена и во оваа фаза го става на тест единството на Владата, бидејќи во владејачката коалиција има две линии, се вели во текстот објавен на грчкиот портал „Њус-ин“.
Во моментот грчката Влада, од партијата Сириза ја следи логиката за изнаоѓање компромисно решение, слично на тоа од 1992 година во рамките на озлогласениот „Пакет пинеиро“ - за името „Нова Македонија“, што тогаш грчките политичари го блокираа, со образложение дека зборот Македонија никогаш не треба да биде дозволен во името на соседната држава.
Порталот „Њус-ин“, потсетува дека само пред неколку дена грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас директно одговорил на прашањето за името на поранешната југословенска Република Македонија, со зборовите: „Ние сметаме дека времето работи за нас, но се покажа дека не е така.“
