Пакети со топла облека за бездомниците
Пред крајот на годината во пунктот за бездомни лица добија топла зимска облека. Од Црвениот крст велат дека и во наредните денови ќе ја следат состојбата со бездомните лица. Од Град Скопје велат дека во буџетот за наредната година се предвидуваат повеќе средства за помош на овие лица за да се врати хуманиот дел од живеењето во градот...

Живот без кров над глава, борба да се преживее секој ден. Секојдневие исполнето со неизвесност и студ. Не е лесно да се издржи, но оптимизмот не ги напушта, секој ден се надеваат на подобро утре. Секој со различна приказна, но судбината ги споила.
Хасан Аметовски е благодарен на Црвениот крст, на институциите и на граѓаните. Од Црвениот крст велат дека во текот на претстојните празници ќе ја следат состојбата со бездомните лица и ќе вршат дополнителна дистрибуција на вреќи за спиење и сѐ она што им е потребно. Пунктот за бездомни лица работи 24 часа и ќе работи за време на Новогодишната ноќ и на Божикните празници.
Во буџетот за наредната година се предвидуваат повеќе средства за помош на овие луѓе, за да го вратиме хуманиот дел од живеењето на градот. Овие наши луѓе се во моментална тешка состојба и човечки е да помогнеме, но и како институции, рече градоначалникот Шилегов.
Ова е традиционална активност на Црвениот крст на завршување на календарската година. Во пунктот за бездомни лица, 80 кои редовно го посетуваат и другите 100 кои повремено го посетуваат добија топла зимска облека.
Ана Јосифоска- Тодоровска
