Спасовски: Полицијата при приведувањето на пратениците постапи законски

29.12.2017 14:29

Полицијата при приведувањето на пратениците на 28 ноември 2017 година во врска со настаните во Собранието од 27 април постапувала врз основа на наредба издадена од Судот и полицајците постапиле согласно законските овластувања...

Полицијата постапуваше врз основа на наредби издаедени од судот и врз основа на законски  овластувања, рече министерот за внатрешни Оливер Спасовоски по прозивката од Народниот правобранител, кој смета дека била прекршена постапката при приведувањето на пратениците кои се осомничени за настаните од 27-ми април и било повредено нивното право на пратенички имунитет.

„Полицијата при приведувањето постапуваше врз основа на наредба издадена од Судот и врз основа на тоа ние сме постапиле во рамките на нашите законски овластувања“, изјави министерот Спасовски.

Спасовски тврди дека за сето тоа имал доставено целосно известување. Спасовски вели дека се повикува на законот, а не на правилникот, бидејќи законот е повисок акт од правилникот и не може правилник да дероргира Закон или Устав на РМ.