Заев: Вицепремиерското место за реформи ќе го чувам за Алијансата на Албанците

29.12.2017 14:44

Премиерот Заев изјави дека вицепремиерското место за реформи ќе го чува за Алијансата за Албанците, а испразнетите места на замениците-министри од оваа партија кои вчера поднесоа оставки ќе бидат пополнети после Нова година...

Вицепремиерското место за реформи ќе го чувам за Алијансата за Албанците, а испразнетите места на замениците- министри од оваа партија кои вчера поднесоа оставки ќе бидат пополнети после Нова година- изјави денеска премиерот Зоран Заев. Посочи дека вицепремиерското место за реформи е важно потпретседателско место.

Успешноста на реформите на една мала партија ќе и даде отскочна даска или скалило повеќе во нејзиното позиционирање, истакна Заев, додавајќи дека на Алијансата на Албанците и биле дадени сериозни институции како Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, Имотно- правната служба, Агроберзата и други.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев изјави дека не преговарал со ДПА и оти за последната средба со лидерот на партијата Мендух Тачи јавноста била информирана, но не ја исклучи можноста да се случат разговори за можна соработка по Нова година.