Метео: Стабилно и суво за викендот
29.12.2017 14:46
Во недела сончево со мала облачност, од пладне облачноста ќе се намали, а во текот на новогодишната ноќ ќе имаме претежно ведро и тивко време.

Последниот викенд од оваа година ќе ни донесе стабилно и суво време без врнежи. Утре се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Долж Поварадарието ветерот повремено ќе се засилува. Во Скопје температурата ќе достигне до 7, а максималната дневна на југоисток до 9 степени.
Во недела сончево со мала облачност, од пладне облачноста ќе се намали, а во текот на новогодишната ноќ ќе имаме претежно ведро и тивко време.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
