Турција: Приведени 200 осомничени членови на ИД

29.12.2017 14:49

Полицијата извршила рации во 14 различни окрузи, меѓу приведените има странци.

Турските власти, во изминатите 48 часа, привеле најмалку 200 осомничени членови на „Исламска држава“ обвинети дека планирале напади за време на новогодишните празници.

Полицијата извршила рации во 14 различни окрузи, а наведено е дека меѓу приведените има странци. Полицијата конфискувала документи и дигитален материјал на кои имало планови за напади во новогодишната ноќ.