Одредени термини за судењета за предметите на СЈО- „Тенк“ и „Трезор“

29.12.2017 15:47

Рочиштето за „Тенк“ треба да се одржи на крајот на јануари, а за вториот случај во почетокот на февруари.

Кривичниот суд соопшти дека се одредени термини за почеток на главната расправа за предметите „Тенк“ и „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство. Рочиштето за „Тенк“ треба да се одржи на крајот на јануари, а за вториот случај во почетокот на февруари.

Првиот предмет се однесува за набавката на луксузниот Мерцедес, а прислушуваните разговори ќе се користат како доказ во процесот.

„Трезор“, пак, се однесува за набавка на опрема за потребите на Петтата управа во Министерството за внатрешни работи. Според СЈО, обвинетите злоупотребиле државни пари за набавка на опрема за лично богатење.