Деца од СОС- селото и од домот „11-ти Октомври“ се сретнаа со премиерот Заев

29.12.2017 16:02

Децата од СОС- селото и од домот „11-ти Октомври“ во посета на Владата. Ги пречека премиерот. Заев вети дека ќе се носат одлуки во нивен интерес...

Многу деца во државава се оставени сами на себе. Потребни се поголеми напори и проекти за да се подобри нивната состојба, велат од СОС Детското село. На Владата ѝ порачаа дека покрај згрижувањето, потребна е и поддршка за младите до 18 години, за кои, како што велат, не постојат програма и мерки за нивна интеграција на пазарот на труд, за да станат самостојни.

Во Владата, децата без родители од СОС Детското село и од домот „11-ти Октомври“ добија новогодишното пакетче од премиерот Заев. Се прошетаа низ објектот и се запознаа со работата на министрите.

До 2020-та да нема дете без кров на главата. Планот е да бидат згрижени во семејства кои ќе склучат договор со Владата за нивно чување- рече премиерот Заев. Вели дека Македонија ќе биде посреќно општество за сите, ако дечињата се среќни и ако ја гледаат својата перспектива во земјава.

 

Викторија Милевска