Средба Мицкоски- Холуб

29.12.2017 16:18

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го поддржи секое решение за кое ќе оцени дека е во интерес на државата и јакнењето на демократските процеси, но дијалогот е двонасочна улица- изјавил лидерот на опозициската партија...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со шефот за политички односи на канцеларијата на Европската унија во Македонија, Лукас Холуб. Посочил дека земјава премногу долго се наоѓа во политичка криза и е потребен дијалог.

„ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го поддржи секое решение за кое ќе оцени дека е во интерес на државата и јакнењето на демократските процеси, но дијалогот е двонасочна улица. Потребна е активност и добра волја од страна на власта, преку конкретни чекори со кои ќе ја потврди сериозноста во пристапот“, изјавил Мицкоски на средбата со Холуб.

Констатирал дека е потребен реален напредок во односите и евроинтеграциските процеси на Македонија.