Заев: Во 2018-та да ја заокружиме визијата за модерна, економски напредна и респектирана држава
Во новогодишно обраќање Заев најавува мирен и квалитетен живот за граѓаните, повисоки плати, нула толеранција кон корупцијата, владеење на правото, враќање на довербата во институциите, јавно, отчетно работење и не политика на поделби, туку општество за сите.
Македонија во 2018 година да биде 30-та земја членка на НАТО, да добие чиста препорака за почеток на предпристапни преговори со ЕУ, да биде пријател со сите пет соседи и предводник во градењето нов имиџ за Балканот, очекува премиерот Зоран Заев.
Во новогодишно обраќање Заев најавува мирен и квалитетен живот за граѓаните, повисоки плати, нула толеранција кон корупцијата, владеење на правото, враќање на довербата во институциите, јавно, отчетно работење и не политика на поделби, туку општество за сите.
На патот сме да ја заокружиме визијата за модерна, економски напредна и респектирана држава. Да се обединиме околу овие приоритети. Сега како никогаш досега, сите да ја прифатиме одговорноста за нашата иднина. Сега, кога 21-от век станува полнолетен, заедно да го положиме испитот на зрелоста, заради иднината на нашата заедничка Македонија. Заслугите ќе им припаднат на сите, истакнува премиерот во обраќањето, вели Заев.
Според него, најголем успех годинава е тоа што „слободоумните граѓани ослободија заробена држава“.
