РСБСП: За безбедни и весели празници - возете одговорно

30.12.2017 11:05

Празниците се време за радост, уживање и дружење со најблиските. Не дозволувајте сообраќајна незгода да ви го наруши празничното расположение- велат од РСБСП...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира, сите учесници во сообраќајот за новогодишните и божиќните празници да бидат внимателни и одговорни, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината.

Празниците се време за радост, уживање и дружење со најблиските. Не дозволувајте сообраќајна незгода да ви го наруши празничното расположение вам и на вашите најблиски. Возете внимателно и одговорно, порачуваат од РСБСП.