Воздухот загаден, високи концентрации на ПМ-10 честички
Мерните станици покажуваат концентрации во Центар од 96 до 205, Гази Баба од 113 до 522, Карпош од 97 до 349, Лисиче од 206 до 629 и кај Ректорат 167 до 468 микрограми.

Во неколку градови во Македонија се дише на жабри. И покрај празниците и намалениот број на автомобили во земјава, ноќеска беше забележано високо ниво на аерозагаденост кое што во Скопје достигна и над 600 микрограми ПМ-10 честички на квадратен метар. Загадено беше и во Тетово, Кавадарци, Битола, како во општина Петровец.
Мерните станици покажуваат концентрации во Центар од 96 до 205, Гази Баба од 113 до 522, Карпош од 97 до 349, Лисиче од 206 до 629 и кај Ректорат 167 до 468 микрограми.
Поради високата загаденост на воздухот, се препорачува ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма, но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.
Градот Скопје издаде наредба која стапува во сила од денеска и според која од 7:30 до 18 часот е забранет дотур на стока, односно на производи во продавниците и трговските центри. Оваа наредба, во зависност од загадувањето ќе се укинува или продолжува.
Поради загадувањето минатата недела Владата и Градот Скопје ги активираа итните мерки против загадување кои траат до намалување на загадување.
