Спречен шверц на марихуана кон Македонија
Припадниците од граничната полициска станица Поградец, при редовна контрола на зелениот појас кај месноста „Антена“, над селото Гура кај Тушемиште го уапси лицето Беџет Х.(25) кој со себе имал вреќа за кафе, во која имало 7,2 клограми марихуана.

Граничната полициска патрола во зелениот појас на албанско-македонската граница кај Тушемиште спречила шверц на 7,2 килограми марихуана.
Припадниците од граничната полициска станица Поградец, при редовна контрола на зелениот појас кај месноста „Антена“, над селото Гура кај Тушемиште го уапси лицето Беџет Х.(25) кој со себе имал вреќа за кафе, во која имало 7,2 клограми марихуана. Дрогата требало да биде прошверцувана во Македонија- стои во полициското соопштение.
Уапсенот, кој претходно бил осудуван за кражби, ќе одговара за недозволена трговија со наркотични средства.
