СДСМ: Извршителите нема да ги блокираат сметките на сиромашните

02.01.2018 15:10

Со ова се обезбедува заштитата на лицата од таканаречниот социјален ризик, велат во партијата, што е потврдено со потпишаниот меморандум меѓу ресорото министерство и Комората на извршители.

Извршителите нема да ги блокираат сметките на сиромашните, најавија од СДСМ. Со ова се обезбедува заштитата на лицата од таканаречниот социјален ризик, велат во партијата, што е потврдено со потпишаниот меморандум меѓу ресорото министерство и Комората на извршители.

Тој ќе се спроведува согласно со прописите за заштита на личните податоци, велат во СДСМ.