Ред Бул конечно на патека
Попладневниот дел од вториот ден на второто претсезонско тестирање во Формула 1 на патеката во Бахреин конечно донесе малку надеж во тимот на Ред Бул.

Без оглед на 5-те секунди полошо време од најбрзиот на патеката Магнусен со болидот на Мекларен, Себастијан Фетел мина 50 кругови и најави дека Ред Бул полека ги надминува проблемите.
Безмалку 100 кругови на патеката сврте и Алонсо со Ф14Т со само секунда полошо време од Магнусен, но кога е Ферари во прашање станува интересна најавената жалба на Рено и Мерцедес на отсуството на топлотен штит на турбополначот на моторот на Ферари.
Имено, двата тима барале да се стават топлотни штитови кои би го спречувале прегревањето на турбополначите, но Ферари одбил затоа што нема проблеми со прегревање, а не му се потребни ниту преголеми отвори за водење на студениот воздух. Според некои медиуми Рено и Мерцедес подготвуваат жалба што може да ја одведе новата сезона во непосакуван правец уште пред да почне.
