Сочи 2014

Последна страна од уметничката приказна

20.02.2014 16:38

Грациозното уживање ќе не почести со елегантна корејско-руска пресметка, со сериозна Американска вмешаност...

Вечерва ќе ја испишеме послената страна од уметничката олимписка приказна. На мразот ќе ги водиме оние на кои едноставно овој спорт природно им припаѓа, дамите.

Грациозното уживање ќе не почести со елегантна корејско-руска пресметка, со сериозна Американска вмешаност.

Ким Јина олимписката бранителка на златото од пред 4 години, на мразот во Сочи едно што доаѓа и со злато од последното светско, доаѓа и со најдобриот скор од синоќешната задолжителна програма каде зададеното беспрекорно го сработе. Не заостануваат премногу ниту 17 годишната русинка Аделина Сотникова која беше подобра од безмалку 10 години повозрасната трето пласирана од обврзниот дел италијанката Каролине Коснер. За жал нема можеби да лизга за злато европската шампионка и најмладата во финалното друштво, супер детето Јулија Липнискаја поради падот и губење на важни бодови во очи на финалето.

Последната грациозна вечер ја нуди МТВ еден во комбинација со собранискиот сервис почнувајќи од 17.30.