Жртви во невремето во западна Европа
04.01.2018 10:20
Блокиран е воздушниот сообраќај на неколку места. Во Франција, во силниот ветер настрадаа 15 луѓе.

Три лица загинаа во невремето во западна Европа. Двајца од нив се удавиле во Шпанија откако биле однесени од голем бран, а третиот загинал од паднато дрво на француските Алпи. Илјадници домаќинства останаа без електирчна енеригија.
Блокиран е воздушниот сообраќај на неколку места. Во Франција, во силниот ветер настрадаа 15 луѓе.
Во железничка несреќа во Швајцарија беа повредени осум лица, откако ветер со брзина од 195 км/ч истурка воз од шините.
