Патријарх Иринеј: Решението за МПЦ е единствено преку СПЦ

04.01.2018 10:24

Решението за МПЦ, според него, е единствено преку заедница со СПЦ.

Барањето на Македонската црква од Бугарската црква да ѝ биде мајка- црква, нема никаква канонска ниту историска основа, и е доказ за незрелост, изјави српскиот Патријарх Иринеј во синоќешното интервју за ТВ Храм.

Решението за МПЦ, според него, е единствено преку заедница со СПЦ.

„Не сакам никого да повредам, но факт е дека тоа што сега го направија со барањето, БПЦ да им биде мајка црква, нема никаква, ниту канонска, ниту пак историска основа и е само доказ за незрелост“, изјавил српскиот владика Иринеј.