Трамп ја укина комисијата за истрага на измами на изборите
04.01.2018 11:15
Трамп тврди дека од три до пет милиони луѓе незаконски гласале за неговата соперничка Хилари Клинтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја распушти комисијата за проверка на можни измами за време на ланските претседателски избори.
Голем број сојузни држави одбија да обезбедат информации за истрагата на ова тело кое беше предводено од потпретседателот Мајк Пенс. Трамп тврди дека од три до пет милиони луѓе незаконски гласале за неговата соперничка Хилари Клинтон.
Тој победи со повеќе електорални гласови, што се пресметуваат од секоја држава според нејзината големина, но Клинтон освои околу три милиони повеќе гласови на национално ниво.
