Могерини со критика кон политиките што ја изолираат Куба
Могерини ги критикуваше земјите кои го изолираат островот. Потенцираше дека официјален Брисел се обидува да гради мостови, а не ѕидови, алудирајќи на политиката на САД.

За време на посетата на Куба, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини ги критикуваше земјите кои го изолираат островот. Потенцираше дека официјален Брисел се обидува да гради мостови, а не ѕидови, алудирајќи на политиката на САД.
„Ние не се плашиме од промена. Не се плашиме од силна Куба, којашто соработува и е солидарна со светот. Ние не се плашиме од оние што сакаат да инвестираат во иднината. Денешниот свет е тежок, но во исто време е полн со надеж и можности. Ги отфрламе северноамериканските санкции кон вашите граѓани, компании и европските интереси. Не прифаќаме еднострани мерки кои ги попречуваат економските и трговските релации со Куба“, изјави Могерини.
Ова е прва посета на Могерини на Куба по активирањето на договорот за политички дијалог и соработка меѓу ЕУ и Куба кој функционира како правна рамка за билатералните односи.
