Кулминација во Киев
20.02.2014 17:01
Киев е во пламен. Кревкото примирје пропадна, а ѕвецкањето на оружјето од вчера одекнува од сите страни на плоштадот на револуцијата. Агенциите известија дека најмалку 37 лица загинале и дека десетици демостранти се ранети меѓу кој и 20 тина полицајци.

Мајдан е повторно под контрола на опозиционерите демострантите. Ова беше најкрвата ноќ на крвопролевање, ноќ на насилство и најсвирепо убиство изјави еден демострант.
Опозицијата бара излез од кризата со помош на меѓународни посредници, а како прв приоритет да се спречи насилството ,а потоа да се бара демократско решение кое што ке доведе до формирање нова влада.
Нашите барања, од тримесечните мирни протести Јанукович ги изигнорира. Тој е најодоговорниот за кривопролевањето и треба да одговора за злосторствата" изјави опоцизионерот Кличко.
Рускиот премиер Медведев најви дека Москва ќе се обиде да ги реализира сите договори со Украина , но и дека за целосна соработка власта мора да биде легитимна и во добра форма.
Американците пак забраниа издавање на визи на 12 укарински полиитчари за којшто сметаат дека с еорговорни за насилтвотата над демострантите.
За најновиот развој на настаните во Украина, Брисел закажа вонреден состанок, а за таа цел во Киев престојуваа министрите за надворешени работи на Германија Полска и на Франција.
Неоходен е итен прекин на насилството. „Власта треба да одговори на барањата на народот што единствен начин да се реши кризата, Унијата сака искрено да помогне во надминување на институционалната криза,“ рече европремиерот Баросо.
Од полуостровот Крим е упатена пораката „ако состојбата се радикализира и на власт дојдат револуцинерите, на земјата и се заканува распаѓање, и поради тоа Крим ќе ја почне процедурата за отцепување од земјата и припојување кон Русија“.
