Од утре температурите над просекот, ќе се топи снежната покривка
04.01.2018 11:52
Дневните температури утре ќе достигнат максимум до 13-тиот степен.

Од утре во поголем дел од државата ќе биде стабилно и суво, а дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината што ќе предизвика топење на снежната покривка.
Дневните температури утре ќе достигнат максимум до 13-тиот степен.
УХРМ информира дека најсончево ќе биде во сабота, а во недела ќе има умерена до значителна облачност. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, ќе има магла и ниска облачност, особено во недела. Дневната температура во овие места ќе остане пониска.
