Интерпол распиша потерници по петмина осомничени за настаните во Собранието

04.01.2018 12:37

Како што е објавено на интернет страницата на МВР, од денеска со меѓународна потерница се бараат Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа, Младен Додевски, Дејан Давидовски и Митре Питроповски.

Петмина македонски државјани се бараат со меѓународна потерница на Интерпол во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27-ми април минатата година.

Како што е објавено на интернет страницата на МВР, од денеска со меѓународна потерница се бараат Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа, Младен Додевски, Дејан Давидовски и Митре Питроповски.

Досега тие се бараа само со домашни потерници. Судот во нивно отсуство им определи мерка притвор, а штом ќе бидат пронајдени веднаш ќе бидат спроведени во истражниот затвор во Шуто Оризари.