Продолжува традицијата на Вевчанскиот карневал
Продолжува традицијата на Вевчанскиот карневал, долга 1.400 години. Своевиден спој на паганското и на современото. И годинава организаторите очекуваат илјадници странски туристи, кои ќе уживаат во уникатните маски и архаичните обичаи...

Прослава на доаѓањето на Новата година според стариот календар, настанот што привлекува илјадници странски посетители. Претставни активностите за претстојниот Вевчански карневал, препознатлив по својата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатните маски.
Вевчани за време на одржувањето на карневалот се претвора во театар без граници, при што секоја куќа и улица се сцена, каде маскираните ги изведуваат своите игри како вистински актери.
Вевчанскиот карневал има традиција од над 1.400 години. Претставува спој меѓу паганското и современото. Го отсликува верувањето на луѓето дека преку маските ќе се ослободат од злото и од црните мисли.
Александра Спировска
