ВМРО-ДПМНЕ: Да престане политичкиот прогон против неистомислениците

04.01.2018 13:15

Надвор од демократските практики на современиот свет, во Република Македонија десетици луѓе се ставени во притвор, како дел од монтиран случај...

Во време кога власта декларативно изјавува заложба за членство на државата во ЕУ и НАТО, институциите под контрола на истата таа власт ги кршат правата на граѓаните кои се темелот на овие организации, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Надвор од демократските практики на современиот свет, во Република Македонија десетици луѓе се ставени во притвор, како дел од монтиран случај, само затоа што изразиле спротивен став и гласно се спротивставиле на една политика, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.