Обвинителство ја расветлува сообраќајката во која загина тримесечно бебе
04.01.2018 13:22
Претстои вештачење, како и сообраќајно техничко вештачење за утврдување на околностите за настанот...

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство- Кичево, прибрани се траги од местото на сообраќајната несреќа што се случи вчера на патот Кичево–Македонски Брод, во која животот го загуби тримесечно бебе, а пет лица беа потешко повредени.
Претстои нивно вештачење, како и сообраќајно техничко вештачење за утврдување на околностите за настанот, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.
