Невреме во Европа и САД
Невреме го зафати Европскиот континент. Силниот ветер предизвика сериозни проблеми во железничкиот и во авионскиот сообраќај. Во САД студеното време го почувствуваа и жителите на Флорида, а од ниските температури премзрнале 12 лица...

Тројца загинати во невремето во западна Европа. Двајца се удавиле во Шпанија откако биле однесени од голем бран. Третиот настрадал од паднато дрво на Алпите. Има и повредени. Еленор бесее. Штети во Германија, Франција, Белгија, Холандија, откако ги опустоши Англија и Северна Ирска. Десетици илјади домаќинства останаа без електрична енергија. Големи проблеми во авионскиот и во железничкиот сообраќај.
„Пожарникарите ме повикаа во чест часот и ми рекоа дека едно дрво паднало. Дојдовме тука за да ја инсталираме сигнализацијата и да го блокираме патот. Потоа чекавме небото да се расчисти за да можеме да ја процениме штетата“, изјави Филипе Квинаут, спасител.
„Имаме помалку повици од она што го имавме претходно за време на други слични ветровити ситуации. Понекогаш, имавме до 200 повици, но мислам дека на крајот на денот ќе направиме околу 50 интервенции слични на оваа“, рече Филипе Бречет, градоначалник на провинцијата Брабант Валон.
Во Франција се повредени 15 луѓе. Во железничка несреќа во Швајцарија настрадаа осуммина, откако ветер со брзина од 195 км/ч истурка воз од шините.
Проблеми и преку Атлантикот. Студениот бран што го парализираше источниот дел на САД се очекува да прерасне во „циклонска бура“, јавува американската метеоролошка служба. Ниските температури кои дојдоа од Сибир и преку Гренланд се спуштија до источниот брег, според најавата ќе донесат студено време и за жителите на Флорида. До сега од премрзнување во САД починаа дванаесет луѓе.
„Целата механизација е подготвена. Имаме 17 машини со кои ќе го расчистуваме снегот кој доаѓа од планините. Никогаш во историјата не сме биле поподготвени“, вели Данел Мелој, гувернер на Конектикат.
Циклонот ќе го достигне максимумот во петок навачер кога повторно се очекуваат ниски температури до – 17-от степен. Ќе почне да ја губи силата во текот на викендот, а од понеделник се очекува затоплување.
Анита Димитријевска
