Коѕијас и Каменос со различни позиции за името

04.01.2018 15:09

Шефот на грчката дипломатија излегол со оптимистичка изјава за потребата од сложено име, додека коалицискиот партнер со став дека не се согласува терминот Македонија да биде вклучен во името на северниот сосед.

По двочасовниот мини министерски состанок кај премиерот Ципрас, останале разликите за името меѓу Коѕијас и Каменос. Шефот на грчката дипломатија излегол со оптимистичка изјава за потребата од сложено име, додека коалицискиот партнер со став дека не се согласува терминот Македонија да биде вклучен во името на северниот сосед.

Коѕијас верува дека оваа година ќе биде година кога ќе се решат прашањата во грчката надворешна политика.

За прашањето за името, Владата, како што има континуирано истакнато, поддржува и преговара за едно сложено име, едно име за сите употреби, она што Грција го презентираше како позиција и во Букурешт. Ние сме за тоа да има согласност од сите партии и политички сили на земјата, рече шефот на грчката дипломатија, пренесува МИА.

Панос Каменос, пак, останува на својата позиција дека сѐ уште е во сила одлуката од лидерската средба во 1992.

Постојат две важни одлуки за скопското прашање. Едната е одлуката на лидерите на политичките партии под претседателот Константинос Караманлис, а другата е одлуката од Букурешт. Сметам дека преговорите ќе треба да продолжат, имам доверба во министерот за надворешни работи, рече Каменос.