Шилегов: Град Скопје работи посветено на проблемот со аерозагадувањето

04.01.2018 15:28

Градоначалникот на Скопје рече дека повеќе од 140 милиони денари годинава се посветени токму за заштита на животната средина...

Градот Скопје работи посветено и веќе преземени се сериозен сет на итни мерки изјави градоначалникот на Скопје, Шилегов. Рече дека повеќе од 140 милиони денари годинава се посветени токму за заштита на животната средина. „И јас ја делам истата загриженост како и секој жител на Скопје. Јас го дишам истиот воздух како што го дишат и сите луѓе“, изјави Шилегов.

Најави дека на пролет ќе почнат со интензивно разеленување на Скопје. Според него, потребно е сите заеднички, МВР во делот на сообраќајот, Министерството за животна средина во делот на инспекција на капацитетите кои се во градот, а се под нивна ингеренција, како Макстил, Усје, да го засилат инспекцискиот надзор со цел, како што рече, да добиеме навистина здрав амбиентален воздух во догледно време.